Планирано исклучување на струја: што да направите

Краток водич за деновите кога операторот ќе најави работи во вашата улица – како навреме да дознаете, што да подготвите и што да правите со храната во фрижидерот.

Како навреме да дознаете

Внесете место и улица – strujadanas.com ги прикажува најавите на операторот (Електродистрибуција) по место, улица и куќни броеви. На страницата на местото или улицата можете да се претплатите во календарот, па новите исклучувања сами ќе се појавуваат на мобилниот.

Според Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на РСМ” 191/2019) операторот ги известува корисниците за планираните исклучувања преку јавните гласила, дневниот печат и својата интернет страница, најмалку 24 часа пред почетокот.

Пред исклучувањето

Фрижидер и замрзнувач

Според упатствата на американските агенции за безбедност на храната (USDA FSIS и FDA):

Ако нема струја ни по најавениот крај

Најавениот крај е проценка на операторот. Ако струја нема подолго или исчезне без најава, тоа е непланиран прекин: пријавете го кај операторот.

Извори

Проверено на 19. 10. 2026. Водичот е информативен; за вашиот приклучок меродавно е известувањето на операторот.